Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

– Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател, Марко Бислимоски. 

Ристов денеска со седум гласа „за“, два против и ниеден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница. 

Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година ја извршувал и функцијата градоначалник на Радовиш. 

Реклама

Покрај Ристов, на огласот за претседател на РКЕ беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година. Тој не влезе во потесниот круг поради неисполнување на критериумите од огласот. 

– Кандидатот не ги исполнува условите од огласот. Дипломиран економист не е наведено во огласот, државјанството е старо од 1995 година, што може да се каже дека е неважечко – рече претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски. 

Реагира пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ, која побара одговор од претседателот на Комисијата зошто во јавниот оглас е ограничен критериумот за образованието во однос на член 47 од Законот за енергетиката. – РКЕ е значајна институција за енергетскиот сектор и за заштита на јавниот интерес. По член 47 од Законот за енергетиката, кандидатот за претседател на РКЕ може да има образование во неколку области, но во огласот критериумите се ограничени само во електротехничкиот дел и тоа создава неусогласеност меѓу огласот и законот – рече Пашоли.  

Сајковски појасни дека во согласност со член 47 од Законот за енергетиката, РКЕ ја сочинуваат седум члена, од кои еден е претседател, а досегашниот претседател Бислимоски бил магистер по електротехника. Бислимоски поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.