Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Македонски државјанин уапсен во Грција – со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час

Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин.

Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун-Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвини.

Реклама

Од Генералната регионална полициска дирекција на грчката област централна Македонија на социјалните мрежи објавија фотографии како од радарот што ја регистрирал брзината, така и од мотоциклот на уапсениот.