Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

ДОМ достави барања до МЖСПП: Јасни законски стандарди и целосна транспарентност при обновување на дозволата за „Титан Усје“

Демократска обнова на Македонија – ДОМ во текот на вчерашниот ден достави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократска обнова на Македонија – ДОМ во текот на вчерашниот ден достави официјален допис до Министерството за животна средина и просторно планирање, во очекување на објавата за јавна расправа по поднесувањето на новото барање за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола на цементарата „Титан Усје“, се вели во партиското соопштение.

Во дописот, ДОМ уште еднаш ги истакна своите барања за јасни, обврзувачки и законски дефинирани стандарди кои мора да бидат вградени во решението за обновување на дозволата со цел целосна заштита на здравјето на граѓаните и животната средина.

Исто така посочуваме дека, во контекст на новиот Закон за контрола на индустриски емисии, одредбите кои дозволуваат одредени информации да бидат прогласени за „деловна тајна“ можат да ја ограничат транспарентноста и јавниот увид во податоците за емисиите и индустриските процеси. ДОМ бара поголема транспарентност и јасно законско дефинирање на податоците кои мора да бидат достапни за јавноста, без можност тие да бидат сокриени зад одредбата за деловна тајна.

Реклама

Воедно, ДОМ посочува дека во рамки на законските решенија поврзани со управување со отпад потребно е да се воспостават појасни критериуми за видот на отпад кој се согорува во индустриските капацитети, како и строги стандарди за контрола на емисиите.

Во дописот до Министерството, ДОМ бара при обновување на дозволата за „Титан Усје“ да бидат вградени како обврзувачки услови следните мерки:

„НУЛА“ емисии во рок од 6 месеци, преку инсталација на филтри од последна генерација за елиминација на PM10 и PM2.5 честичките, како и системи за десулфуризација и денитрификација за запирање на емисиите на сулфур диоксид и азотни оксиди.

24/7 јавен дигитален мониторинг, при што податоците од оџаците ќе се емитуваат во живо на веб-страницата на Министерството и на јавни екрани во општина Кисела Вода. Заштита од токсини и канцерогени материи, преку воведување системи за вбризгување активен јаглен и соодветни филтри за целосно неутрализирање на диоксините и фураните.

Потенцираме дека овие мерки не смеат да останат само препораки туку мора да бидат јасно дефинирани како законски обврзувачки стандарди во решението за А-интегрираната еколошка дозвола.

Граѓаните на Скопје и на општина Кисела Вода заслужуваат чист воздух, транспарентност и институционална одговорност во управувањето со индустриското загадување.