Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Под контрола пожарот на прилепската градска депонија, ќе се следи ситуацијата

Под контрола е ставен пожарот што денеска попладнето, по 14 часот, избувна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под контрола е ставен пожарот што денеска попладнето, по 14 часот, избувна на прилепската градска депонија кај Алинци. Екипите на прилепската противпожарна единица, на ЈКП „Комуналец“ и на ЈП „Водововод и канализација“ остануваат на терен за натамошно гаснење и спречување на евентуално ширење на огнот, информираат од прилепската локална самоуправа.

-Пожарот на градската депонија избувна околу 14 часот. Екипите на противпожарната единица, на комуналните претпријатија, на Дирекцијата за заштита и спасување беа на терен. Со механизација и работна сила, заедно со општествено одговорните компании се гаснеше и се локализираше пожарот, вели градоначалникот Дејан Проданоски.

По теренскиот увид, се одржа координативен состанок со Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој беа утврдени насоките за понатамошно дејаствување на сите релевантни институции.

Реклама

Поради безбедно функционирање на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, вечерва ќе биде зголемена контролата и присуството на сообраќајната полиција. Во текот на ноќта продолжува континуирано да се следи ситуацијата, а рано наутро активностите на терен ќе продолжат со координирана акција.

-Овој настан уште еднаш ја потврдува потребата од трајно и системско решение за управување со отпадот, односно изградба на регионална депонија со современи стандарди. Како локална самоуправа остануваме целосно посветени на обезбедување долгорочно и одржливо решение за управување со отпадот, со цел да се заштитат животната средина, здравјето на граѓаните и безбедноста на нашиот град, вели градоначалникот Проданоски.

Ова не е прв пожар на прилепската градска депонија. Во последниве години најмалку трипати се интервенирало на гаснење на пожар на депонијата, и тоа, претежно, во овие месеци од годината.