Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ глуми загриженост – лицемерие по пустошот во македонската енергетика

СДСM манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство.

Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри, ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги наполнија џебовите и станаа светски бизнисмени на релација Нов Зеланд-Дубаи, а домашните производствени капацитети ги оставија во пустош.

Има ли некој свесен во СДСM да признае дека нивната деструктивна политика го доведе целиот енергетски систем до колапс? Чувствува ли некој таму трошка вина за криминалните шеми, чија единствена цел беше лично богатење на „фамилијата“?

Реклама

Кога СДСM денес глуми загриженост за сметките за струја, кои и покрај нивниот пустош останаа стабилни, должни се да одговорат зошто го оставија ЕСМ со загуби од 140 милиони евра и долгови кон добавувачи од 80 милиони евра? Зошто го направија РЕК Битола зависен од скап увозен јаглен и зошто дозволија цената на произведената струја да достигне неверојатни 140 евра за мегават час?

Да е лакрдијата поголема, додека системски го уништувале ЕСМ, во истиот период 2017-2024 година искрадиле милијарди денари од ЕСМ, за што веќе се процесирани пријави за кривично гонење за 16 предмети само од РЕК Битола, а тој број секојдневно расте.

Веруваме дека надлежните институции ќе ги изведат пред лицето на правдата сите виновници кои го загрозија енергетскиот систем, вклучувајќи ги и нивните „големи директори“ Васко Ковачевски – Колбасо и Пеце Матевски – Хармоникашо, кои се директно одговорни за урнисувањето на комбинатот.

Оттука на СДСM им порачуваме, лажните душегрижници нема да поминат неказнето за системското уништување на македонската енергетика.

Впрочем, набавката на електрична енергија е токму последица на нивното катастрофално управување со домашниот електроенергетски систем.

Тоа што СДСM го уништи во периодот 2017-2024 година е невозможно да се санира за кратко време. Но и покрај тоа што изминативе година и половина интензивно се работи на обнова и враќање на производните капацитети во нормална состојба и на целосна консолидација на ЕСМ, која СДСM буквално ја претворија во загубар, по што и цената на електричната енергија за граѓаните остана стабилна.