Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

НУ Музеј Куманово и Обединетата Македонска Дијаспора потпишаа Меморандум за соработка

Музеј Куманово и Обединета македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora) потпишаа Меморандум за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Музеј Куманово и Обединета македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora) потпишаа Меморандум за соработка, информираа денеска од НУ Музеј Куманово.

Со потпишувањето на  Меморандумот, додаваат од Музејот се поставува цврста основа за продлабочување на заедничките активности во областа на истражувањето, заштитата и промоцијата на македонското културно наследство.

Оваа соработка претставува значаен чекор кон модернизација на музејската работа и унапредување на научно-истражувачките процеси.

Реклама

-Во таа насока, Музеј Куманово изразува искрена благодарност за донацијата на современа IT опрема наменета за археолошкото одделение – информираат од музејот.

Новата опрема ќе овозможи поефикасна дигитализација на музејските предмети, како и обработка и анализа на обемни бази на податоци добиени преку современи снимања со LIDAR технологија, што претставува значаен придонес за современото проучување и заштита на археолошкото наследство.

– Особена благодарност упатуваме и до големите вљубеници во македонската историја – семејството Трајкови од Вашингтон, чија посветеност и поддршка беа клучни за воспоставување на оваа соработка. Нивната иницијатива претставува уште еден силен пример за значајната улога на македонската дијаспора во поддршката на културните и научните институции во татковината- велат од НУ Музеј Куманово

Со ова партнерство се отвораат нови можности за развој на современи проекти, дигитална презентација на културното наследство и зајакнување на врските помеѓу институциите и македонската дијаспора ширум светот.