Реклама
Свет

Трамп предупредува дека НАТО можеби се соочува со „многу лоша“ иднина

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со „многу лоша“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина доколку сојузниците на САД не помогнат во отворањето на Ормутскиот теснец.

Во интервју за Фајненшл тајмс, Трамп изјави дека може да го одложи и самитот што го подготвува со кинескиот претседател Кси Џинпинг подоцна овој месец, додека се обидува да изврши притисок врз Пекинг да помогне во деблокирањето на клучниот морски пат.

Американскиот претседател потсетува дека Европа и Кина во голема мера зависат од нафтата од Персискиот Залив, за разлика од САД.

Реклама

Трамп вели и дека земјите кои имаат полза од поморскиот пат кој минува низ Ормутскиот теснец треба да помогнат во неговото обезбедување.

„Единствено соодветно е луѓето кои имаат полза од теснецот да помогнат за да не се случи ништо лошо таму“, изјави Трамп за весникот.

„Доколку нема одговор на барањето на САД или ако е негативен, мислам дека тоа ќе има многу лоши последици за иднината на НАТО“, нагласува американскиот претседател.