Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Во Пустец доделени наградите на најуспешните на конкурсот „Моите македонски корени“

Во Пустец, Мала Преспа, денеска, беа доделени наградите за најдобрите литературни и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Пустец, Мала Преспа, денеска, беа доделени наградите за најдобрите литературни и ликовни творби на деца учесници на конкурсот „Моите македонски корени“. 
 
-Беше навистина прекрасно да ги видиме младите со толку љубов и гордост како зборуваат за своите македонски корени. Токму ова е целта за која вреди да се работи – да се зачува и негува македонскиот идентитет и култура меѓу Македонците во Албанија, изјави, Елена Симонофски, претседателка на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“. 
 
Во категоријата литературни трудови, проза и поезија, првата награда ја освои Марија Сотири, втората Ѓорѓи Терпо и третата Кристијана Стојан. Најдобар ликовен труд беше оценет оној на Симона Јанкула, втората награда ја освои Марија Аго и третата Андонета Ристо. 
 
Паричната награда за првите места изнесуваше по 50 евра, за второ 30 и трето место 20 евра. Сите учесници добија сертификати и соодветни податоци. 

-Овој проект, нашето здружение го реализира со поддршка на Министерството за надворешни работи надворешна трговија на Македонија, на кое му изразуваме искрена благодарност за поддршката и за препознавањето на важноста од зачувувањето на македонскиот идентитет во дијаспората, посочи Симонофска. 
 
Изрази благодарност и до Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на Општина Пустец и долгогодишен борец за правата на Македонците во Албанија и до Нести Китани, координатор на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ за Корча, за нивната поддршка и присуство. 
 
-Се гордеам со секое дете, со секој родител и со секој човек кој верува дека македонштината живее – и ќе продолжи да живее. Не застануваме со толку, со  продолжуваме вакви незаборавни денови, кои ја исполнуваат со топлина и восхит нашата македонска душа, порача Симонофски.  
 
Трудовите ги оценуваше жири во состав Иван Терпо, Мирела Сотировска, Елена Китани и Кристо Цветко.