Реклама

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Македонија

Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи

Вистинската сила на дипломатијата се мери со спасените човечки животи, а не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистинската сила на дипломатијата се мери со спасените човечки животи, а не само со постигнатите договори порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, каде нагласи дека трагедијата ја разбудила најсилната солидарност меѓу државите и медицинските тимови.

Муцунски потсети дека трагедијата во Кочани за неколку минути го претворила едно обично утро во длабока национална болка, но дека брзата реакција на партнерските земји била клучна.  

-Трагедијата во Кочани нè потсети колку брзо може да се промени сѐ. За неколку минути, едно обично утро се претвори во длабока национална болка. Во тие моменти, кога секоја минута беше пресудна, токму поддршката од вашите земји, вашата посветеност, знаење и хуманост помогнаа да се спасат многу животи. Во тие часови знаевме дека мора да делуваме веднаш. Заедно со претседателот на Владата, со лекарите и со кризниот штаб ја мобилизиравме целата држава. Ги активиравме нашите билатерални контакти и го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита. За само неколку часа започна транспортот на повредените во болници низ Европа, а во нашата држава почнаа да пристигнуваат доктори од целиот континент и пошироко, истакна Муцунски.

Реклама

Министерот потсети дека 115 пациенти биле згрижени и лекувани во странство благодарение на подадената рака од пријателските држави.  

-Секој испратен пациент значеше нова шанса – можност еден млад живот да продолжи да живее, да сонува и да ја гради својата иднина, истакна Муцунски.

Министерот за надворешни работи и трговија упати благодарност до сите медицински тимови, странски и домашни, кои работеле под огромен притисок и нагласи дека нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност биле клучни во првите часови и денови, кога секоја минута значеше живот.

-Тој ден, кога сирените на возилата на брзата помош ја пресекуваа тишината и тагата, за мене како министер за надворешни работи и надворешна трговија искрата на охрабрување беше подадената рака и понудената помош од моите колеги – министрите за надворешни работи од пријателските земји. Во тие тешки денови се покажа и вистинската сила на дипломатијата и меѓународната солидарност. Благодарение на брзата комуникација со нашите партнери, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на многу држави да помогнат, нашите пациенти добија медицинска грижа во болници ширум Европа. Токму во вакви моменти станува јасно дека вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи, истакна министерот.

Муцунски порача дека државата ќе ја памети трагедијата, но и солидарноста што ја обединила.  – Кога стоиме заедно, кога пријателите стојат покрај нас, кога хуманоста е посилна од стравот, тогаш човечноста секогаш победува, нагласи Муцунски.