Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Антикорупциска не утврди судир на интереси кај директорот на СОЗР со фирмата „Сити аутсорсинг“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за која опозицискиот СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции.

Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена.

Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото постоела повзраност на членови на семејството на актуелниот директор со тоа трговско друштво, но во моментов таква поврзаност нема.

Реклама

– Нема ниту сопственичка, ниту управувачка поврзаност на службеното лице или на член на неговото семејство. Од електронскиот систем на јавни набавки се гледа дека не се наведени податоци за договори склучени меѓу наведеното трговско друштво и институцијата со која раководи службеното лице, изјави Спасовска-Медарска.

Претходно, опозициската СДСМ обвинуваше дека 161 тенедер наводно добила фирма на блиско лице на директорот на владината служба. Томовски ги отфрли обвинувањата и велеше дека никој од неговото потесно семејство нема сопствеништво во компанијата посечена од опозициската партија. Тој ги повика ДКСК и Јавното обвинителство да покренат случај и што побрзо да го решат, затоа што само така, како што истакна, може да ја докаже својата невиност.

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница едногласно донесоа и одлука да се поведат постапки за 234 советници избрани во општините во државава кои не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси во законски утврдениот рок.

Како што образложи претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, анализата на електронската евиденција покажала дека околу една петтина од советниците во општинските совети не ја доставиле задолжителната изјава, што претставува прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.