Реклама
Прилози

Сопругот два пати ја тепал Ивана на денот на трагедијата со закани дека ќе ја убие, младата мајка 7 години била малтретирана

Седум години Ивана била тепана и психички малтретирана од сопругот Стојанче. Од 2019…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум години Ивана била тепана и психички малтретирана од сопругот Стојанче. Од 2019 година до моментот кога решила да скокне од балконот со шест годишната ќерка Катја, таа живеела под тортура. Овие инофрмации ги сподели скопското обвинителство кое бара притворот за Стојанче Јовановски да биде продолжен, а ќе се гони за наведување за сторување на самоубиство, нанесување на телесни повреди поврзани со семејно насилство и загрозвување на сигурноста. Од ОЈО велат дека нападите се интензивирале оваа и минатата година. Ивана не можела да види спас за неа и ќерка сѝ па затоа одлучила да скокне од балконот на зградата во Тафталиџе каде живееле.

„Малтретирањето и тепањето го пријавиле до надлежните институции очевидци и сведоци. Ваквото сурово и нечовечно постапување се интензивирало во периодот во 2025 и 2026 година, поради што сега почината се нашла во безизлесна состојба и се одлучила на самоубиство. Го зела во раце детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле. Двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, велат од ОЈО.                        

Министерот Тошковски во гостување на „Алфа“ појасни дека полицијата го имала уапсена Јовановски уште во декември и дека можеле да го задржат во законскиот пердвиден рок од 24 часа, а за последната пријава Тошковски објасни дека по барање на Ивана, двајца полицајци се нашле со неа пред суд, неколку часа пред да изврши самоубиство. Ивана пред судот своерачно потпишала дека ја повлекува пријавата за семејно насилство.

Реклама

„Жртвата повикува полиција самата таа затоа што физички е удирана од страна на нејзиниот сопруг. И има видео запис кој што констатира удар од страна на сега осомничениот, физички удар во глава со рака, за истиот ден се работи? За 9 минути 2 полициски службеници, господин и госпоѓа се упатуваат пред суд, каде жртвата се наоѓа, ја наоѓаат пред суд. И притоа жртвата изјавува потпишува записник, го потпишува своерачно дека немала никаков физички контакт со сопругот не бара да се поведе потапка за семејно насилство и дека на поинаков начин ќе ги реши недоразбирањеата преку бракоразводна парница“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Обвинителството веќе врши проверки и ги прибира сите релеванти информации и докази, а отвори и предмет по допрен глас по утврдените неправилности при инспекциски надзор на социјалните работници.