Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“

Компанијата „Актива“-Штип искористи дел од средствата од унгарскиот заем, кои ги инвестираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компанијата „Актива“-Штип искористи дел од средствата од унгарскиот заем, кои ги инвестираше во нов производствен капацитет. По тој повод денеска во посета на „Актива“-Штип беа претседателот на Владата Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Премиерот Мицкоски истакна дека за него претставува задоволство што како  Влада на некој начин учествувале овој производен капацитет да  добие поинаква физиономија и како што рече  „сопствениците на Актива Штип, користејќи го оној заем за којшто зборувавме во минатото, вложат во нови производни капацитети, а тие нови производни капацитети имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип“. 

-Јас од тоа што можев да го видам, но низ поинаква оптика, како машински инженер, можам да кажам дека сум исклучително пријатно изненаден и воодушевен, посебно од роботските системи коишто паралелно работат, коишто произведуваат, додаваат вредност и како што кажав ова многу значи за Македонија како држава, за нас како Влада, но и ќе повторам и локалната економија приходува од сето ова кое што денеска се создава во производните капацитети на „АКТИВА Штип- рече Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски истакна дека како Влада ќе сторат се што е потребно македонските компании да добијат услови коишто ќе им овозможат да се развиваат, а со тоа и да ја развиваат македонската економија.

Реклама

-Тоа е наш приоритет, така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме и од сега. Овој навидум на почетоците мал семеен бизнис, денеска прераснува во гигант за македонски услови и уште еднаш еве моите комплименти за ова што успеав денеска да го видам. Мислам дека се повеќе од 45.000 квадрати под покрив, со, би рекол, една софистицирана напредна технологија- изјави Мицкоски.

 Главен оперативен директор на „Актива“, Зоран Илиевски истакна дека инвестицијата е околу 12 милиони евра, од кои дел се од средствата од унгарскиот заем, кои ги овозможи Владата и дел сопствени средства, а како што рече ова им овозможува да се етаблираат на пазарот, со сопствен финален производ и производ со додадена вредност мехатроника. 

-Сето тоа како пакет ни овозможува да го зголемиме сопствениот извоз, односно бројките покажуваат дека оваа инвестиција која се направи во 2025 година веќе во вкупен извоз имаме 300% зголемено на продуктите кои што ги извезуваме не само на Европскиот, туку и на пазарите на Блискиот Исток и Африка. Така да со оваа инвестиција „Актива“ направи исчекор напред, вели Илиевски. 

Во оваа штипска компанија која произведува делови за автобуси, како и колички за транспорт на аеродромите низ светот има 580 вработени.