Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Одлуката на Уставниот суд за линеарното покажување на пензиите е во полза на пензионерите, смета Мицкоски

– Премиерот Христијан Мицкоски днеска изјави дека не сака да ја коментира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Премиерот Христијан Мицкоски днеска изјави дека не сака да ја коментира последната одлука на Уставниот суд кој ја прекина постапката за оценување на уставноста на линеарното покачување на пензиите, според која тоа останува во сила, но истакна оти иако одлуките на Судот некогаш се, а некогаш не се согласно полтикитките на Владата, тие треба да се почитуваат и спроведуваат. За среќа, вели, овојпат одлуката е во полза на пензионерите. 

-Што се однесува до одлуката на Уставниот суд многупати сум кажал дека нема да ги коментирам. Нормално, понекогаш тие одлуки се во согласност со вашите политики, понекогаш не се во согласност во вашите политики, но одлуките на Уставниот суд мора да се прифатат и да се имплеметнираат, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на штипската компанија „Актива“. 

Оваа одлука, вели премиерот Мицкоски, за среќа на пензионерите е во нивна полза и ќе остане линераното покачување од 1000 денари за секој пензионер.

Реклама

-Со ова се заокружуваат 7000 денари линеарно покачување на пензиите откако дојдовме како Влада, иако ветивме зголемување од 5000 веќе имаме 7000 илјади денари. Тоа сега ќе се заокружи со мартовската пензија која ше се исплати во април. На тој начин тоа ветување не само што го исполнивме, туку би рекол и за околу 40 проценти го надминавме, истакна премиерот.

Тој додаде дека согласно законот овој месец треба да се покачи и минималната плата.

– Како Влада тоа ќе го донесме на следната седница. Формално тоа помина како информација на седница на Економско социјалниот совет. Следно е Владата да ја донесе информацијата и веќе од април стопанството, но и Владата да почнат со усогласување на платите визави минималната плата, истакна премиерот Мицкоски.