Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати

Шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ кој расте за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ кој расте за три и пол проценти во просек. Во последните два квартала од 2025 година, реалниот бруто домашен производ порсна за 3,8 проценти, изјави денеска премиерот Мицкоски, додавајќи дека владините политики даваат резултати.

Според него, опозицијата често се исмева кога го зборува ова, но, како што нагласува, факт е дека во четвртиот квартал, според податоците објавени од Евростат, реалниот раст на македонскиот бруто домашен производ е во првите три во Европа.

– Ако се вратиме пред неколку години наназад, ќе дојдеме до констатација дека тогаш бевме на дното во регионот. Сега сме да речеме пред соседите. Ако во четвртиот квартал, Бугарија забележа раст од 3,2, Хрватска 3,6, Србија 2,2, Грција околу 2 проценти, ние со 3,8 сме лидери во регионот. Сега повторно ќе излезат ботовите од опозицијата, повторно ќе го исмеваат тоа што ќе го кажам, но нека продолжат со исмевање, а ние ќе продолжиме да работиме и да поддржуваме успешни приказни кои придонесуваат за бруто домашниот производ, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на штипската компанија „Актива“.

Реклама

Мицкоски посочи дека 2025 година земјава ја заокружила со реален раст од околу 3,5 проценти. За оваа година се очекува растот да се движи меѓу три и пол и четири проценти.

– Очекуиваме да имаме континуиран раст во услови кога европскиот раст е некаде 0,5, – 0,6 проценти. Ова значи дека економијата е консолидирана и политиките што ги води оваа Влада, фискалната консолидација, но и буџетското консолидирање на буџетскиот дефицит вродуваат со плод. Од една страна, имаме политика која внимава, не троши премногу, но, она што го троши, го троши на целен начин и таа цел вродува со плод. Резултатот од таквата политика е токму овој пораст. Инаку она што треба да се напомене е тоа дека номиналниот бруто домашен производ во 2025 година се зголеми за 8,2 – 8,3 проценти, нешто што претставува историски рекорд за македосната економија. Нашата цел како Влада беше номиналниот бруто домашен производ на крајот од мандатот, односно во 2028 да надмине дваесет милијарди долари. Тие дваесет милијарди долари ги натфрливме по само година и половина од мандатот во 2025 година, вели премиерот.

Според ММФ, за 2026 година, како што рече Мицкоски, номиналниот бруто домашен производ за македонските граѓани е поставен на ниво од нешто повеќе од дваесет и една милијарда долари.

– Според куповната моќ во 2026 година, ММФ ни предвидува дека по глава на жител ќе се движиме меѓу 31 – 32 илјади долари. Се приближуваме до Црна Гора и Србија. Далеку сме пред, да речеме, Албанија, Косово, Молдавија и други земји како Грузија, Белорусија и така натаму. Иако пред две години бевме и зад нив. Така што, сега нашата цел е да ги поминеме и овие две земји, кои се дел од шесте земји од Западен Балкан, и да одиме еден чекор понатаму, односно полека да ги стигнеме земјите, како што се членките на Европската унија како Бугарија, Романија…, истакна македонскиот премиер.

Тој вели и оти за жал многу малку било направено од владата на СДСМ и ДУИ, но, како што истакна, како Влада нема да очајуваат туку ќе прават гигантски чекори за да се продолжи напред.