Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Повеќе средства и засилена имплементација за унапредување на инклузијата на Ромит

Дискриминирани и на работ на општеството. Вака се уште живеат голем дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дискриминирани и на работ на општеството. Вака се уште живеат голем дел од Ромите во Македонија и покрај напорите на државата да им обезбеди подобри услови.

Надлежните тврдат дека Стратегија за инклузија на Ромите за периодот 2022 -2030 веќе дава значителни резултати во делот на образование, здравствена заштита и домување.

Стратегијата претставува системска рамка за создавање праведно и инклузивно општество. Пристапот до квалитетно образование, здравствена заштита, достоинствено домување, економски можности, инфраструктура и социјална сигурност, не смее да биде привилегија, туку загарантирано право на секој граѓанин“, изјави Шабан Салиу министер без ресор.

Реклама

Позитивен тренд во последните две децении е зголемениот бројот на Роми вклучени во образовниот процес, особено на оние кои завршуваат и средно училиште.

„Од 2006 до 2025 годинаоколу 5500 ромски деца се вклучени во предичулишното образование, додека во учебната 2025 2026 се запишани 536 деца на национално ниво во нашата држава“, изјави Фатмир Лимани министер за социјална политика.

1200 стипендии за средношколци и 150 стипендии за студенти роми на годишно ниво“, велат од Министерството за образование.

Наскоро во владина процедура треба да влезе и законот за социјално домување кои би требало да го олесни пристапот до дом за многу семејсттва.

Извештајот покажа дека во изминатиот период драстично се подобрени работите и во делот на здравствените услуги кои ги добиваат Ромите.

Еден од конкретните чекори е ангажирање на 20 ромски здравствени медјатори кои дејствуваат на целата држава и кои директно придонесуваат на подобрување на здравствениот статус на ромската заедница.

Континуирано вложуваме во подобрување на условите во јавните здравствени установи вклучително и во поликлиниката во Шуто Оризари, која претставува значаен сегмент во обезбедувањето здравствена грижа за локалното население“, изјави Јовица Андоновски, заменик министер за здравство.

Според последниот попис од 2021 година, во Македонија живеат  46.433 Роми, односно 2,5% од целокупното население.