Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти.

-Раст од 14,6 отсто бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6 отсто во Градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти. Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21 отсто раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6 отсто раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат), напиша Николоски.

Македонија, како што посочува вицепремиерот во објавата, е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст.

Реклама

-Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 отсто што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме. Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти, објави вицепремиерот Николоски. дма/вј/

линк до објавата: https://www.facebook.com/share/p/186mg2LaXM/