Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Николоски: Aвтопатот Гостивар – Букојчани се гради по најсовремени светски практики, патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка

За изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани ја донесовме најрационалната одлука во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани ја донесовме најрационалната одлука во моментов, имајќи ја предвид економската состојба на државата и можностите – ние да го финансираме овој проект, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Во интервју на една од националните телевизии, Николоски објасни зошто оваа автопатска делница ќе се гради без тунел.

-Разликата со и без тунел беше 250 милиони евра, затоа што се работи за долг тунел од 5,3 километри. Ако јас се прашувам, кога би имал неограничен број средства, секако дека би отишол со тунел, но имајќи во предвид дека еден километар тунел е 50 милиони евра, а таму проценетата вредност беше 250 милиони евра, со отстапка од 25 проценти. Значи теоретски овој тунел можеше да биде и 25 отсто плус, што би значело дека можеше и преку 300 милиони евра да чини целиот проект, потенцира вицепремиерот.

Реклама

На прашањето колкава ќе биде косината на автопатската делница и која ќе биде дозволената брзина на движење на возилата, Николоски одговори – од 31 км на 14 км има до 6 отсто нагиб или пад, што е под стандардот за автопат, затоа што стандардот за автопат е до 7 отсто. На автопатот, дополни, ќе може да се вози од 110 до 130 километри на час, зашто кривините ќе бидат поблаг.

-На автопатот работат инженери, проектатни и компанија кои што доста сериозно ја работат работата и работат според најновите светски практики, рече министерот.

Во врска со патот од Фариш до Прилеп, посочи дека не може и не смее да остане црна дупка.

-Затоа интензивно работиме на соодветно решение за иградба на автопат или експресен пат, со цел целосна изградба и на Коридорот 10 -д што ги поврзува Скопје со Атина. Природно е ние да го завршиме овој проект, затоа што за да се развие Коридорот 10 -д, а тоа е потегот Скопје – Битола – Атина и да се скрати патувањето од Скопје до Атина од сегашни 8 до 8 ипол часа на 5 до 5 и пол часа, што ќе значи комплетно нов однос помеѓу двете држави во делот на трговија и бизнис, ние мора овие 25 км да ги завршиме, објасни вицепремиерот Николоски.

Тој ги акцентираше и активностите од македонска и грчка страна, како дел од заедничките заложби и посеветеност Коридорот 10 -д целосно да заживее во иднина.

-Грците интензивно работат на нивна страна, од граница, преку Лерин кон Кожани се работи автопатот, ние интензивно работиме на наша страна автопат од Прилеп до Битола. Втора фаза е обиколница на Битола-Жабени и граничен премин. Од друга страна се изгради делот кој што оди Градско – Дреново – Фариш и не може да остане црна дупка делот од Фариш до Прилеп или популарниот Плетвар и најдобро е да се реши со автопат, информира Николоски.

Според вицепремиерот, одговор на прашањето дали потегот од Фариш до Прилеп може да се изгради во автопат, треба да дадат стручни лица, имајќи предвид дека се работи за многу комплициран терен.