Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Ристески: Преку разни мерки ќе се регулира цената на енергентите, нема потреба од паника

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вели дека по конфликтот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенстте во формулирањето на цените на другите производи.

Ристески во интервју денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се прошири конфликтот, ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата. 

– Воениот конфликт во Иран навистина прави тектонски потрес во економијата во светски размери бидејќи Иран е еден од главните играчи во производството и дистрибуција на нафта во светот. Ние сме мала увозно зависна држава, особено увозно зависна од разни енергенти, нафта. Сметаме дека можеби ќе има некое влијание сето ова, меѓутоа да оставиме како ќе се одвиваат понатаму процесите во врска со воениот конфликт, сметајќи дека бргу ќе биде завршен. Доколку не, тогаш она што ќе биде како светска политика во надминувањето на оваа криза, ќе треба и ние да го прифатиме со одредено адаптирање на нашата економија со цел да имаме помал удар врз зголемувањето на енергентите во формулирањето на цените на производите – домашните производи, увозните производи, оние што ги извезуваме од Македонија – вели Ристески. 

Реклама

За идните влијанија од конфликотот врз македонската економија, како што рече, се разговарало и на вчерашната седница на Советот за безбедност и најавува дека на јавноста навремено ќе ѝ бидат соопштени идните чекори. 

– Засега би упатил смирување до граѓаните – нема потреба од одредена паника. Ќе гледаме преку разни мерки понатаму, кои ќе следуваат, да се регулира цената на енергентите, која е еден од главните инпути во составувањето на цената на производите, со цел да не се создаде поголема инфлација, раст на цени и поткопување на животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ. Како Министерство за економија и труд, исто така и Владата, будно ја следиме состојбата и јавноста навреме ќе биде известена за сите мерки што ќе ги преземеме – рече Ристовски.

Во вакви ситуации укажува дека поранливи се секако покревките економии, како што е нашата, и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, особено на основните производи за живот на граѓаните.

– Преку редовните контроли на Државниот пазарен инспекторат, преку влијанието на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која исто така ревносно работи на сузбивањето нефер трговии, кои беа предвидени во Законот за забрана на нефер трговските практики, преку зголемена транспарентност на цените на маркетите и другите владини политики, како што се поголемите инвестиции, подобрување на економската состојба, постепено зголемување на платите на граѓаните, очекуваме да имаме стабилизирачка година. Инфлацијата да се доведе на минимално ниво, од 2,5 до 3 проценти е предвидувањето и на Народната банка и на Владата и мислам дека сме на добар пат и последниот месец имаме благо намалување на инфлацијата од 0,7 проценти. Се надевам дека во наредниот период ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата доколку не се прошири воениот конфликт, каде што не можеме да влијаеме, и оти оваа граница на европска висина на стандард, на инфлацијата, бидејќи блага инфлација значи и развој на државата од 2,5 до 3 проценти, што е и економски оправдано, ќе гледаме да ја задржиме во наредниот период и со тоа да го заштитиме животниот стандард на граѓаните, нормално – вели заменик-министерот за економија во интервјуто, ќе го објави во целост дополнително.