Реклама

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Економија

Минималната плата се зголемува за 1.600 денари, Трендафилов незадоволен, најави протести кон средината на март

Минималната плата се зголенмува за 1.667 денари. Од овој месец ќе изнесува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минималната плата се зголенмува за 1.667 денари. Од овој месец ќе изнесува 26.046 денари. Ова е законското усогласување согласно трошоците за живот кои биле поголеми за 4,1% и просечната плата која во просек се зголемила за 9,6% минатата година. Премиерот Мицкоски oчекува дека на следната владина седница утре таа да помине на влада и од април да почне да се исплатува.

„Се што е во рамките на институциите, институционален дијалог треба да се охрабри, затоа што само така може да се дојде до конструктивно решение. Вонинституционални механизми секогаш постојат, демократска држава е Македонија, но ценам дека искуство вели дека се што е во рамки на институциите носи решение. А се што е надвор од рамките на институциите, мислам дека не само што не носи решенија, туку апсолутно ги поларизира нештата, дециден е Мицкоски“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

За претседателот на Сојузот на синдикати и ова не е доволно. Тој ја напушти седницата на економско-социјалниот совет порано од предвиденото. Револтиран бидејќи само ги информирале синдикатите за законското усогласување, но не се разговарало за барањето на ССМ за минималец од 600 евра и пораст на останатите плати за 100 евра. Тој најави дека работниците ќе излезат на улица, односно на протести кон средината на март.

Реклама

Министерството за економија и труд ја состави и просечната потрошувачка кошничка. Таа изнесува 56.493 денари и е за 9 илјади денари помала од минималната кошничка која ја утврдува синдикатот. Оваа ставка ќе биде основа за креирање на економските политики, особено оние во делот на пазарот на трудот.

Потрошувачката кошничка на Министерството за економија содржи дел за храна и пијалоци во вредност од 22 илјади денари, облека и обувки во вредност од 2,650 денари. Министерството пресметало дека за домување се троши 3.100 денари, за мебел и покуќнина 4.800, а з аодржување на здравјето 1.430 денари. Одредени ставки треба да се доуредат, за конечно да се добие и презентира потрошувачката кошничка пред јавноста.