Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Петрушевски: СДСM покажа дека знае само да мести тендери и да ја продава државата, затоа сега бега од темата Груби

Времето покажува дека на СДСM – безрбетна најдобро и оди кога нешто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Времето покажува дека на СДСM – безрбетна најдобро и оди кога нешто треба да се продава, распродава, и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата. СДСM – безрбетна наместо да поздрави чин на справување со незконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата, тие се занимаваат со приказни, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале.

Оттука, актуелното раководство на СДСM како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажуваат секојдневно некакви приказни за театар, циркузи, а бегаат од суштината на приказната  борба со корупцијата.

Реклама

Но, вистината е една.

Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна.

А, СДСM – безрбетна како сака нека нарекува и што сака нека збори. За нив од досегашната пракса може да се извлече еден заклучок, а тоа е дека „она што го зборуваат за другите, најмногу зборува за нив самите“.

За ВМРО-ДПМНЕ, за што говорат и секојдневните активности, клучна е борбата со корупцијата и криминалот и поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото.

Ви благодараm.