Реклама
Економија

Пуштање во употреба на реконструираната обиколница кај Крива Паланка

Во присуство на претставници од Владата денеска ќе биде пуштена во употреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на претставници од Владата денеска ќе биде пуштена во употреба реконструираната обиколница Крива Паланка. Станува збор за значаен проект од Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир ккон Бугарија. 

На официјалното пуштање најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.