Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево

Во свечена атмосфера, денеска во Пехчево беше извршено примопредавање на ново теренско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во свечена атмосфера, денеска во Пехчево беше извршено примопредавање на ново теренско противпожарно возило, донација од Rotary Club Skopje West, наменето за потребите на Доброволно противпожарно друштво Пехчево.

Возилото како што истакна градоначалникот на Пехчево, Александар Китански претставува значајно засилување на оперативните капацитети на друштвото, особено при интервенции на шумски пожари и на тешко пристапни планински терени, кои се карактеристични за регионот на Пехчево.

-Со оглед на зголемениот ризик од пожари во летниот период и специфичната конфигурација на теренот, новата опрема ќе овозможи побрза, поефикасна и побезбедна реакција на доброволните пожарникари, истакна Китански.

Реклама

На настанот беше истакнато дека донацијата е резултат на заедничка соработка и препознавање на потребата од континуирано јакнење на локалните капацитети за заштита и спасување.

Претставниците на друштвото изразија искрена благодарност до членовите на Rotary Club Skopje West за укажаната доверба, поддршка и хуманост, нагласувајќи дека ваквите иницијативи директно придонесуваат за зголемена безбедност на граѓаните на Пехчево и околните населени места.

Од Доброволното противпожарно друштво Пехчево потенцираа дека и понатаму ќе продолжат да дејствуваат посветено, храбро и одговорно – во служба на заедницата, подготвени да одговорат на сите предизвици со кои се соочува регионот.