Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Министерството за финансии со поддршка од Светска банка инвестира во енергетска ефикасност во јавните здравствени установи и регионални болници

Министерството за финансии соопшти дека со поддршка од Меѓународната банка за обнова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии соопшти дека со поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка продолжува да ја унапредува енергетската ефикасност во јавните здравствени установи и болници, реализирајќи значајни инвестиции во подобрување на енергетските перформанси на јавните здравствени установи и болници. 

– Проектот за енергетска ефиканост во јавниот сектор се имплементира преку Проектната единица при Министерството за финансии и преку компонетата „Инвестиции во енергетска ефикасност во објектите од централната власт, односно во здравствените установи и регионалните болници“ со вкупна вредност од 9,21 милион евра се обезбедува финансиска поддршка за реализација на проекти за реконструкција на здравствените установи и регионални болници со мерки за енергетска ефикасност, се појаснува во соопштението на Министерството за финансии.

Како што се додава, во овој циклус успешно се реализирани енергетски ефикасни реконструкции на 15 јавно-здравствени установи низ државата со што се обезбедени подобри услови во здравствениот сектор, а истовремено се обезбедени долгорочни заштеди на енергија.

Реклама

– Реализацијата на овие инвестиции во здравствените установи придонесуваат кон постигнување заштеди преку намалување на потрошувачката на енергија, намалување на оперативните трошоци на установите и се обезбедуваат поквалитетни услови како за пациентите, така и за нивните вработени, се истакнува во соопштението.

 Министерството за финансии посочува и дека останува посветено на обезбедување стабилна финансиска поддршка и партнерства што носат долгорочни придобивки за заедницата, поттикнувајќи енергетска ефикасност, фискална одговорност и одржлив економски развој.