Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Економија

Раст на превезената стока во товарниот сообраќај

Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7 проценти во четвртиот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10.

Во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889.153 патници што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска поддршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии. Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.

Реклама

Единствено намалување во четвртиот квартал од 2025 година има во железничкиот превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.