Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество

– Венко Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество, мекотелите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Венко Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество, мекотелите се тврди карпи во споредба со националната и исплакната свест на Филипче. Лагодно си кажа дека Бугарите сме требале да ги внесеме во Уставот, без Македонија да добие ништо. Тоа значи дека Филипче самиот кажа дека е на услуга на бугарската држава, се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на СДСМ Венко Филипче.  

„Што се однесува до темата Груби, видливо е од месечината дека Филипче е уплашен, особено од тоа што Груби, ортакот во секој криминал на Заев и Филипче може да каже не само за нив двајца туку и за Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ и редица други криминогени структури.

Што се однесува до мешањето во судството, Венко Филипче и Зоран Заев се архитектите на најголемите упади и политички прогони во Македонија од комунистичкиот режим до сега. Не ВМРО-ДПМНЕ, не политичари, туку обвинители сведочеа дека Заев и Шекеринска ги гледале во СЈО како нарачуваат предмети и седат со обвинители. Од тогаш е погребана правдата која сега ќе оживее. Правда ќе има без оглед на нервозата на Венко.“