Реклама

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Економија

Платите на функционерите се намалуваат. обвинителите против

Платите на функционерите на чекор до намалување. Собранието ја усвои потребата од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платите на функционерите на чекор до намалување. Собранието ја усвои потребата од усвојување на 6-те закони со кои се корегираат надолу примањата на министрите, пратениците, судиите, јавните обвинители, функционерите. Предлагачот на законите, пратеникот Бојан Стојановски објаснува дека се кратат коефициентите за пресметка, со што нивните плати се намалуваат и до 200 евра.

Еден од предлагачите на измените на Законот за пратеници, Беким Ќоку вели дека платите на народните избраници треба да бидат во согласност со економската реалност на државата. Целта на измените била да се спречи непропорционалното зголемување на платите, да се зголеми транспарентноста и еднаква распределба на буџетските средства.

И додека пратениците гласаат за себе пониски плати, јавните обвинители не сакаат да ја напуштат комотната позиција во која се наоѓаат. Тие преку соопштение побараа законските измени да не се ставаат на дневен ред во собранието, за да не им се намалат платите. Гневни се бидејќи нивните плати биле најниски во регионот, а вршеле исклучително важна работа. Велат дека се свесни за сложената економска ситуација во државата и потребата од штедење, но платата им била единствен приход. Сметаат дека ваквиот потег  за намалување на коефициентите е неуставен и противзаконски.

Реклама

„Функцијата јавен обвинител е неспојлива со извршувањето на каква било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и таа се движи во распон од минимални помалку од 90.000 до максимални 130.000 денари. Со вакви износи платите на македонските јавни обвинители се апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат“ – велат од Здружението на јавни обвинители.

Очекувањата се уште денеска Собранието да го изгласа пакетот закони со кои се намалуваат платите на именуваните функционери по скратена постапка. Ваквиот предлог доаѓа по бурните реакции во јавноста откако во услови на зголемени трошоци за живот, во 2023-та година, функционерските плати се покачија за неверојатни 78%, односно на поединци примањата им се зголемија и за 1000 евра. Тогаш Уставниот суд ги укина одредбите за фиксна основа за пресметка на платите со што платите почнаа да се пресметуваат според растот на просечната плата во државата, што доведе до големо покачување. Во меѓувреме коефициентите за пресметка се „замрзнаа“ и се намалија, но функционерските плати останаа на високо ниво.