Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Регионален форум на заедницата за Североисточен регион, за унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда

Во организација на Националниот ромски центар – НРЦ Куманово денеска во Куманово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Националниот ромски центар – НРЦ Куманово денеска во Куманово ќе се одржи Регионален форум на заедницата за Североисточен регион, кој има цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво. 

Целта е споделување успешни практики за воспоставување функционални собирни центри и долгорочно решавање на проблемот со градежен шут.  

-Општините се должни да воспостават еден или повеќе собирни центри за посебни текови на отпад од домаќинствата, каде комуналниот отпад и отпадот за рециклирање се оставаат бесплатно. Поради големиот волумен или опасните својства, одреден отпад не смее да се фрла во канти или контејнери. Собирните центри се клучен дел од примарната селекција и регионалната шема за управување со отпад. Сепак, општините често се соочуваат со пречки како избор на локација, сопственост на земјиштето и нејасни законски процедури. Градежниот отпад, пак, често завршува во контејнерите или создава диви депонии, што претставува сериозен проблем, се вели во најавата за Форумот.

Реклама

Настанот е организиран во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, спроведуван од страна на Центарот за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.