Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

„Тоска“, „Мадам Батерфлај“ и „Оревокршачка“ на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет

Оперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини и балетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини и балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски се на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет.

– Во свет каде вистинските културни доживувања стануваат сè поретки, со особена чест ве покануваме да го доживеете март во МОБ — месец посветен на уметноста, традицијата и извонредноста. Мартовскиот репертоар обединува три дела што претставуваат врв на оперската и балетската уметност, нудејќи атмосфера на достоинство, префинетост и уметничка длабочина. Секоја изведба е внимателно подготвена со цел да создаде вистинско културно искуство, стои во соопштението од Националната опера и балет. 

„Тоска“, како што се наведува, носи драматична енергија и силна сценска експресија што го отсликува вечниот судир меѓу љубовта и моќта. „Тоска“ ќе биде изведена на 6 март во 19:30 часот, а билети можат да се набават на следниот линк:  https://t.ly/Toska06.03.26

Реклама

„Мадам Батерфлај“, како што наведуваат,  раскажува деликатна и длабоко човечка приказна што ја нагласува убавината на искрената емоција. „Мадам Батерфлај“ ќе биде изведена на 13 март во 19:30 часот, а билети можат да се набават на следниот линк: https://t.ly/Madama.Butterfly

„Оревокршачка“, пак, создава атмосфера на елеганција и сценска раскош, претворајќи ја ноќта во вистински празник на уметноста. На репертоар е на 28 март 2026 година, а билетите за „Оревокршачка“ се достапни на следниот линк: https://t.ly/Oravokrsacka28.03.26