Од 13 јули до средината на септември, со вклучување на уште еден авион, со капацитет од 230 патници „Виз ер“ ќе ја прошири флотатат на скопскиот аеродром… Со новото, седмо летало стационирано на скопскиот аеродром, ќе има 150 неделни полетувања од Скопјe до 35 дестинации, што претставува зголемување од 49 неделни појдовни летови во споредба со истиот период лани. Од средината на јули се зголемува бројот на летовите кон речиси сите дестинации од скопскиот аеродром. Новиот Ербас А321 НЕО, ќе го зголеми бројот на летови до Дортмунд за уште три пати неделно, со што до овој германски град во пикот на сезоната ќе се лета десет пати неделно. Берлин и Малме ќе имаат по две дополнителни неделни ротации, со што се постингува бројка од седум неделни летови. Авиокомпанијата, исто така, ќе воведе една дополнителна неделна фреквенција до Шарлроа, Баден Баден, Хамбург, Хан и Љубљана, при што секоја рута ќе се зголеми на пет неделни летови. Покрај тоа, Стокхолм, Фридрихсхафен, Малта и Дортмунд ќе добијат по една дополнителна неделна услуга, зголемувајќи се на четири неделно, додека Сандефјорд и Тревизо ќе пораснат на три пати неделно со дополнителна ротација.
Превозникот, исто така, ќе ги прилагоди своите операции во Милано, префрлајќи се од Малпенса во Бергамо од 29 март, почетокот на летната сезона. Фреквенциите на линијата ќе останат непроменети на четири неделни летови.
