Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Божиновска во теренска посета на „Мермерен Комбинат Прилеп“: Македонските ресурси мора да создаваат поголема додадена вредност дома

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше теренска посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше теренска посета на рудниците и производствените капацитети на „Мермерен Комбинат АД Прилеп“, компанија која врши ископувања на еден од најпрепознатливите индустриски брендови на државата и значаен извозник на македонски мермер на глобалниот пазар, соопшти Министерството.

За време на посетата, министерката извршила непосреден увид во процесот на експлоатација на мермерот од наоѓалиштето, условите за работа, механизацијата и процесите што комбинатот ги користи при ископувањата.

Раководството на комбинатот ја информирал министерката за тековните инвестиции во модернизација на механизацијата, технолошките процеси на експлоатација, безбедноста при работа и мерките за рационално искористување на природните ресурси. Посебен акцент беше ставен на одржливо користење на наоѓалиштето и зачувување на неговиот потенцијал со грижа за животната средина.

Реклама

На средбата, се додава во соопштението, се разговарало и за почитувањето на еколошките стандарди и обврските од концесиските договори, безбедносните услови за вработените и технолошките унапредувања во производството, придонесот на компанијата кон локалната економија и вработувањето во прилепскиот регион, можностите за понатамошно зголемување на додадената вредност преку финална обработка на производите.

Министерката Божиновска истакнала дека ваквите теренски посети се клучни за реален увид во функционирањето на секторот и за креирање политики базирани на фактичка состојба.

-Природните ресурси се национален капитал и нивната експлоатација мора да значи поголема економска корист за државата и граѓаните. Наш приоритет е природните ресурси да носат долгорочна корист — преку инвестиции, нови технологии, безбедни работни услови и поголем степен на финална обработка. Рударството има силна економска улога, но неговиот развој мора да биде одговорен, транспарентен и во согласност со највисоките стандарди Нашата цел е јасна — модерно, одговорно и конкурентно рударство кое создава вредност дома, отвора работни места и обезбедува одржлив развој. Компаниите кои инвестираат во технологија, безбедност и заштита на животната средина се важен партнер во економскиот развој  – истакнала Божиновска.

Посетата, се вели во соопштението, е дел од пошироките активности на Министерството насочени кон засилено присуство на терен, подобра комуникација со индустријата и унапредување на надзорот и одржливото управување со минералните ресурси.