Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Млади од Берово и Пехчево учеа за одржливо користење на автохтони овошки

Дваесет млади учесници од Берово и Пехчево реализираа еднодневна едукативна работилница посветена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет млади учесници од Берово и Пехчево реализираа еднодневна едукативна работилница посветена на одржливото користење на автохтони сорти овошки и развојот на зелени бизнис-идеи. Работилницата е дел од проектот „Зачувување на стари сорти на овошки во регионите на Малешево и Беласица“, кој го имплементира Здружение Амброзија од Пехчево, во партнерство со Македонско еколошко друштво и Биоматера од Бугарија. 

-Преку презентации, тимска работа и практична примена, учесниците се запознаа со потенцијалите на старите сорти овошки, нивната улога во зачувувањето на биолошката разновидност, како и можностите за нивна преработка во иновативни и одржливи производи. Работилницата имаше за цел да поттикне младинско претприемништво и одговорно користење на локалните природни ресурси, информираа од здружението „Аронија“.

Во работилницата учествуваа и претставници на Локалниот младински совет Пехчево, СОУ „Ацо Русковски“ и ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово.

Реклама

-Во вториот дел од активностите, стекнатото знаење беше применето во практика во Работилницата за храна (FOOD HUB) во Пехчево, каде што учесниците подготвуваа производи од стари сорти круши и јаболка, во соработка со локална компанија, додадоа од пехчевското здружение.

Организаторите истакнаа дека ваквите активности се значајни за градење свест кај младите и за создавање нови можности за одржливи приходи во регионот. Активноста претставува дел од пошироките напори за зачувување на автохтоните сорти овошки во Малешевијата и Беласичкиот регион, со фокус на младинско учество, иновации и одржлив развој на локалните заедници.