Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Економија

Започна изградбата на секундарна гасоводна мрежа во Куманово

Во Општина Куманово започна реализацијата на проектот за изградба на секундарна, дистрибутивна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Куманово започна реализацијата на проектот за изградба на секундарна, дистрибутивна гасоводна мрежа, на потегот од дел од улица Видео Смилевски Бато до село Доброшане, во индустриската зона долж патот кон Доброшане, соопштија денеска од Владата.

-Инвестицијата изнесува 10.893.656 денари и претставува значаен чекор кон модернизација на енергетската инфраструктура и унапредување на економскиот развој во Општина Куманово, наведуваат од Владата.

Проектот има за цел проширување на гасоводната мрежа и овозможување пристап до природен гас за деловните субјекти и потенцијалните инвеститори во индустриската зона. Со изградбата на секундарната мрежа се создаваат услови за поекономично, енергетски поефикасно и еколошки поодржливо снабдување со енергија.