Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента. 

– Анализата на опсегот на постигната продажна цена по метар квадратен укажува дека најнизок забележан минимум во втората половина од годинава има во Чаир, 19.543 денари по метар квадратен, а највисок забележан максимум има во Центар 232.722 денари по метар квадратен, покажува Извештајот од Регистарот на цени и закупнини за втората половина од 2025 година што ги објави денеска Агенцијата за катастар на недвижности.

Најмногу продажби на станови во второто шестмесечје од 2025 година има во Аеродром – 240, Чаир – 188, Центар – 186, Карпош – 171, а највисока вкупна вредност на остварена цена од продажба на станови постигната е во Центар 1.379.518 илјада денари, Аеродром 1.347.308 илјада денари, Карпош 1.088.279 илјада денари. Највисока просечна цена по  метар квадратен постигната е во Центар, 104,3 илјада денари по метар квадратен, Карпош, 99,6 илјада денари по метар квадратен, Аеродром, 88,9 илјада денари по метар квадратен, Кисела Вода, 83,2 илјада денари по метар квадратен, Охрид, 78,1 илјада денари по метар квадратен.

Реклама

Според Извештајот, највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар – 82,8 милиони евра, Аеродром – 59,1 милиони евра, Карпош –  57 милиони евра, а најниска во Велес – 5,6 милиони евра.

Споредувајќи со истиот период од претходната година, највисок раст на обемот на купопродажби имаат Штип со 46  проценти и Гостивар 43 проценти, а најголем пад има Велес со 30 проценти.

Најмногу купопродажби во второто шестмесечје од 2025 година се направени во Аеродром – 757 купопродажби, по што следуваат Центар со 636 купопродажби и Гази Баба со 586 купопродажби, а најмалку во Бутел – 203 купопродажби. 

Движењето на цените меѓу второто шестмесечје од оваа година, наспроти истиот период од претходната година укажува на пораст на бројот на продадени станови во Гостивар, 93 проценти, Штип, 23 проценти, Прилеп, 15  проценти и Тетово, 13  проценти, а најголем пад на бројот на продадени станови  има во Струмица 20 проценти и Битола 19  проценти.

Од 1 јули до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини регистрирани се вкупно 17.603 трансакции. Споредбено со првото полугодие од 2025 година, во второто полугодие на 2025 има пораст на вкупниот број на трансакции на пазарот на недвижности за 11,6  проценти.  Во однос на второто полугодие од 2024 година забележан е благ пораст на вкупниот број трансакции на пазарот на недвижности  за 6,4 проценти. Од Агенцијата за катастар на недвижности оценуваат дека растот на обемот на трансакциите може да се поврзе со подобрени услови за финансирање и зголемена доверба во пазарот на недвижности.            

Во втората половина од 2025 година во Регистарот се впишани 9953 продажби на недвижности, 2031 продажби од инвеститор, 306 откупи од државата и 75 продажби на лицитација, однoсно вкупен број од 12365 купопродажби што укажува на благ пораст за 3,4 проценти во однос на втората половина од 2024 година.