Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Милевски: Минималната плата ќе се усогласи преку дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, во гостување на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, во гостување на една од телевизиите, се осврна на барањата на Сојузот на синдикатите за зголемување на платата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се разликува од другите политички партии поради конзистентноста во своите ставови, особено кога станува збор за правата на работниците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се разликува од другите парти затоа што е константна во своите ставови. И како опозиција се даваше поддршка на работниците и на синдикатите и тој дијалог го продолживме и како власт“, посочи Милевски.

Пратеникот Милевски нагласи дека во рамките на Еконмско-социјалниот совет, каде што членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како фасилитатор, во согласност со законот, потребно е преку дијалог да се договарат за минималната плата потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.

Реклама

„Работниците се во фокусот и решението што се бара за минималната плата треба да дојде преку дијалог, односно на средби што ќе се организираат во Економско-социјалниот совет помеѓу работодавачите и синдикатите. Работниците се многу важни и тие никогаш нема да дозволат да бидат средство за политички пресметки затоа што се мудри луѓе што чесно си го заработуваат својот леб. Во разговори во кои нивните претставници ќе се договорат со работодавачите, Владата ќе го прифати предлогот за таа вредносна плата“, дециден е Милевски.