Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Судскиот совет формира комисија за изработка на ориентациона норма на предмети за судовите

Судскиот совет на денешното продолжение на 537. седница разгледа повеќе претставки поднесени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на денешното продолжение на 537. седница разгледа повеќе претставки поднесени од граѓани и правни лица за работата на судиите и судовите. Воедно, на седницата беше формирана и комисија за изготвување предлог-одлука за утврдување ориентациона норма на предмети за сите судови, составена од членовите Антоанета Димовска, Садула Изаири и Павлина Црвенковска.

Советот ја усвои претставката која се однесува на повеќегодишно доцнење во донесување судска одлука на судија од Основниот суд Охрид иако расправата во предметот била завршена пред повеќе од две години. Усвоена беше и претставката на осигурителната компанија „Македонија осигурување АД Скопје Виена иншуренс груп“ против Апелацискиот суд во Битола, односно судиите што учествувале во втор степен, што укажува на неправилности во постапувањето на второстепниот суд, при што, според наводите, со непримена на одредбите била донесена незаконита одлука.

Другите разгледани претставки беа оценети како неосновани. Некои од нив се однесуваа на наводна неправда во постапките поврзани со ослободување од заложно право, како и на незадоволство од навремено доставување пресуди во кривични и граѓански предмети.

Реклама

На седницата под точката разно беа разгледани и други прашања од тековното работење, меѓу кои приговор за распоредот на работа во Управниот суд за 2026 година за кој Советот одлучи да биде препратен до надлежната општа седница на Врховниот суд.

Советот го усвои и предлогот за престанок на правото на надоместок за одвоен живот на еден од членовите на Советот, а беше констатирано и исполнувањето на условите за пензионирање судија од Основниот суд Струмица.

Судскиот совет на првиот дел од оваа седница вчера ги разгледа кварталните извештаи за ажурноста на судовите за четвртиот квартал од 2025 година и се осврна и на системските проблеми во судството, меѓу кои недостигот на кадар и финансиски средства, што, како што беше оценето, влијае врз квалитетот на правораздавањето.