Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Дурмиши: Минималната плата е повеќе дневнополитичка тема отколку реално барање

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска соопшти дека минималната плата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска соопшти дека минималната плата е повеќе дневнополитичка тема отколку реално барање. 

На денешната собраниска седница посветена на опозициски пратенички прашања, одговорајќи на прашањето од пратеникот од Левицата, Амар Мециновиќ, Дурмиши информира дека во земјата има вкупно 700.000 вработени, од кои 100.000 во јавниот сектор, а другите 600.000 во приватниот сектор.

– Знаеме дека од тие 30.000, кои добиваат минимална плата, се регистрирани во своите компании како индивидуални трговци, кои не зависат од својата минимална плата, туку и од приходите што влегуваат во нивните фирми. Ако се гледа овој број во проценти, кои се трговци поединци, околу три или четири отсто е процентот на вработените што имаат минимална плата во нашата држава. Сите други имаат поголема плата од минималната и ние сме задолжени да се грижиме за овие вработени од три или четири отсто – рече Дурмиши. 

Реклама

Тој потенцира дека како Влада досега неколкупати изјавиле дека не се против зголемување на платите или на минималната плата. 

– Ние покажавме со зголемувањето на платите во јавниот сектор, со договор со синдикалците, во здравство, со зголемување на платите во образованието, во Министерството за одбрана, со пензиите и ги зголемуваме платите, но константно, врз основа на економските параметри, врз реално економско зголемување и со зголемување на продуктивноста зашто ја имаме најниската продуктивност во регинот. Ги поддржуваме компаниите преку разни закони и преку оперативниот план, над 3.000 стартапи, од кои 85 отсто се млади од нашата земја, кои аплицираат и сега дејствуваат – рече Дурмиши.

Во врска со вредноста на минималната плата, министерот вели дека ние сме пред земјите од регионот во врска со куповната моќ преку минималната плата.

– Можеме да имаме и минимална плата од 1.000 евра, но колку вреди таа плата. Ние имаме поголема куповна моќ од Чешка, Литванија, Албанија, Црна Гора, Турција, но ние треба да ги достигнеме европските земји како Белгија, Германија, Хрватска итн. Ние работиме за да го поддржуваме приватниот сектор за да стигнеме до таа точка и секоја ад кох одлука, која не е заснована на економски параметри, ќе придонесе кон тоа што го кажуваме секогаш, ако се затворат компаниите, како што велите вие, но таму има вработени што ќе останат без работа. И ако имаме минимална плата со ад кох одлука, како што е барањето, кое викаме дека е политичко барање, ќе се намали куповната моќ и ќе се зголеми инфлацијата. Во јануари имаме 0,7 отсто намалување на инфлацијата – изјави министерот Дурмиши. Додаде дека сите оние што работат и не биле унапредени со години, како 10 или 15 години, се унапредени во согласност со законот и правилата. 

Во однос на договорот меѓу синдикатите и работадавците, тоа е нешто, како што рече, што ние можеме да помагаме во тој процес.  

– Секогаш кога ќе се договорат тие, ние ќе бидеме таму да им помагаме. Да им помагаме на работадавците и да им помагаме на работниците зголемувајќи ја платата во секој сектор и да го разледаме и животниот стандард на сите граѓани – рече Дурмиши.