Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Во Виница форум „Европската перспектива на македонскиот бизнис“ во организција на Стопанска комора

Бизнис Клубот Европа, како советодавно тело на Стопанска комора на Македонија денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнис Клубот Европа, како советодавно тело на Стопанска комора на Македонија денеска во Виница го организира форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“.

Како што соопшти Стопанска комора, форумот ќе отвори клучна дебата за позиционирањето на македонските компании на единствениот пазар на ЕУ, економските придобивки од европската интеграција и улогата на женското лидерство во градењето конкурентна и извозно ориентирана економија.

Предвидени се изјави за медиуми на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и на Глигор Цветанов, претседател на Бизнис Клубот Европа и Извршен директор на „Макпрогрес“ ДОО Виница.

Реклама

Бизнис Клубот Европа е формиран на иницијатива на претседателот на комората, Азески, за да обезбеди структурирана платформа за дијалог и координација помеѓу бизнис-заедницата, академската јавност, релевантните чинители во евроинтегративните процеси и дипломатските претставници од европските земји. Главниот фокус на делувањето на Клубот е насочен кон прашања поврзани со ЕУ, интеграцијата на македонското стопанство во европските процеси, ЕУ-дипломатијата и градењето политики кон ЕУ од перспектива на бизнис-заедницата.