Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Потпишан меморандум за меѓународна промоција на енергетиката 

Kоординирани активности за промоција на стратешките приоритети во енергетскиот сектор, размена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Kоординирани активности за промоција на стратешките приоритети во енергетскиот сектор, размена на информации и искуства, поддршка на реформските процеси и унапредување на соработката со партнерите од регионот и Европската Унија, предвидува меморандумот за соработка што го потпиша министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници CFS Media & Advisory DOO, во чиј состав се вклучени порталот Balkan Green Energy News и регионалната конференција Београдски енергетски форум.

Според Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се воспоставува рамка за поддршка за унапредување на енергетската транзиција, инвестициите и зелената економија, како и за зајакнување на регионалната соработка и поддршка на процесот на европска интеграција на државата.

Министерката Божиновска нагласи дека воспоставувањето вакви партнерства претставува важен чекор кон зајакнување на институционалната соработка и унапредување на позицијата на државата во регионалните и европските енергетски иницијативи.

Реклама

– Регионалната соработка и заедничкиот пристап кон развојот на енергетскиот сектор се клучни за обезбедување стабилен, одржлив и конкурентен енергетски систем. Благодарни сме за континуираната поддршка и професионалниот пристап во промоцијата на напредокот и реформите што ги спроведуваме. Транспарентноста и меѓународната видливост на реформските процеси во енергетиката се клучни – посочи министерката Божиновска.

Во рамките на меморандумот Министерството ќе биде институционален партнер на регионалната енергетска конференција, што ќе се одржи во Белград во мај 2026 година, со активно учество на највисоката делегација во програмските и работните активности.

Од страна на CFS Media & Advisory DOO беа истакнати задоволството од воспоставеното партнерство и подготвеноста за понатамошна поддршка на активностите насочени кон унапредување на енергетската соработка во регионот.

– Им се заблагодаруваме на министерката Божиновска и нејзиниот тим за укажаната доверба и за силното партнерство. Со овој меморандум воспоставуваме јасна рамка за соработка во промоцијата на енергетската транзиција, инвестициите и регионалното поврзување – посочи сопственичката на Balkan Green Energy News, Бранислава Јовичиќ.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) соопшти дека меморандумот ја изразува заедничката определба за развивање партнерство, засновано на заемна доверба, заеднички интерес и долгорочна визија за одржлив развој на енергетскиот сектор.