24-годишен турист од Данска е повреден откако го затрупала лавина додека скијал на Попова Шапка, соопшти Министерството за внатрешни работи
24-годишен турист од Данска е повреден откако го затрупала лавина додека скијал…
17.02.2026
Сподели:
Фото: Алфа Вести
24-годишен турист од Данска е повреден откако го затрупала лавина додека скијал на Попова Шапка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, тој бил пронајден од специјално возило на познатата стаза „Церепашина“. „На 16 февруари во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церепашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал“, соопшти МВР. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје.