Реклама
Економија

ЕК потврди: Не е донесена одлука за превозниците од Западен Балкан

По информациите што се појавија во дел од регионалните медиуми дека Брисел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По информациите што се појавија во дел од регионалните медиуми дека Брисел ги одбил сите барања на превозниците од Западен Балкан, од Европската комисија ги демантираат ваквите тврдења.

Оттаму посочуваат дека конечна одлука сè уште не е донесена. Прашањето за правилата било разгледувано на последниот состанок, но без финален исход.

Од Европската комисија велат дека разговорите со засегнатите страни ќе продолжат и дека дополнителни консултации се неопходни пред да се донесе какво било решение.