Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: Се расплетува наркомрежата блиска до Заев и Филипче, епилогот води кон нивна инволвираност

Фирмата „ЦБД медплант“, во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фирмата „ЦБД медплант“, во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на СДС и близок човек на Заев и Филипче, уште од почетокот работела со пропусти, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.

Иако Филипче тврдеше дека во негово време сè било во ред, нашите информации велат друго. Имено, за да се складираат 30 тони дрога, треба да помине процес од 4-5 години, што значи дека фирмата на Котев работела незаконски од времето на Филипче и Заев. Денес, Заев и Филипче бегаат од името Тони Котев како од ѓаволот, се прават дека не го знаат, а до вчера се фотографираа со него.

Фирмата „ЦБД медплант“, да потсетиме, доби лиценца во 2020 година токму од Заев и Филипче. Во тоа време и Филипче и Заев сакаа да ја направат Македонија туристичка дестинација за користење марихуана и ја промовираа продажбата на цвет од канабис. Затоа, по нивна насока во 2023 година е сменет подзаконскиотр акт во правилникот за одгледување марихуана.

Реклама

Затоа ли е паниката на Заев и Филипче толку голема? Дали се точни нашите информации дека овие двајца имаат удел во бизнисот со канабис и се фатени во тесно? Затоа ли повиците на Заев кон поединци во Царината и патувањето на Филипче кон Грција се случуваат во тој период? Дали случајно има и плус висок поранешен функционер вмешан во наркобизнисот на Заев и Филипче?

Клопчето се одмотува, крајот се гледа. ЈО да го истражи случајот до крај. Одговорност мора да има!