Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко

Бидејќи возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бидејќи возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени биле двајца возачи во Тиквешко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Рано утрово во 2:25 часот на автопатот Неготино-Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода П.П., на возраст од 31 година од демиркаписко село. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од П.П., при што било констатирано дека возилото го управувал со изречена забрана за управување на возило од Б категорија и под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.39 промили алкохол во крвта. По насока на јавен обвинител, П.П. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено, информираа од СВР – Велес.

Вчера пак, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Д.К., 23-годишен неготинец.

Реклама

– При сообраќајна контрола на регионален пат Неготино-Лакавица, кај село Пепелиште, неготинско, било сопрено патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што било констатирано дека возилото го управувал со изречена забрана за управување на моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, појаснија од СВР – Велес.

Како што додадоа оттаму, по документирање на настаните, против двајцата возачи ќе биде поднесена соодветна пријава.