Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски: Реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“, се создават услови за локален развој

Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“. Со вкупна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“. Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура, објави денеска на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски, во делот „Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“.

– Проектот опфати поставување нов асфалтен слој со дебелина од осум сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата, објави премиерот. 

Се работи за инвестицијата во износ од 63.537.537 денари, обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт.

Реклама

– Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој, наведува премиерот на Фејсбук.