Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Кичевско под вода: По поплавите евакуирани 180 лица

Неполн месец откако се вратија во трошните и веќе еднаш поплавени куќи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неполн месец откако се вратија во трошните и веќе еднаш поплавени куќи, жителите од кичевскиот регион, повторно се соочуваат со својот најголем кошмар, поплавите. Синоќешните врнежи повторно доведедоа до излевање на реките, што им ги поплавија домовите.

Под вода се поголем дел од куќите во гостварските населби Циглана и Бањечница, а алармантна е состојбата и со улиците „Прилепска“ и „29 Ноември“ во населбата Подварош, каде се поплавени подрумски простории во повеќе објекти.

Под вода се и објекти на болницата во Кичево. Голем број од жителите повторно се евакуираа, но за среќа немаше човечки жртви и повредени. Дел од жителите, млади стари и деца, мораа да бидат, како што велат, со багери изнесувани од нивните куќи.

Реклама

Поголемиот дел околу 200 граѓани ноќта ја минаа во салата „Христо Узунов“. Пред камерите сведочат дека нивото на водата во нивните куќи достигнало и над еден метар. Жителите побараа и се надеваат дека некој од надлежните и општината ќе им помогнат да си ги вратат домовите или барем да им овозможат безбедни живеалишта.

„Многу тешко е во Прилепска, повторно поплава не фати, над 1,5 метри е доле во куќите, сè се уништи, немаме излез. Молиме до државата, надлежните да земат за нас нешто да ни помогне, веќе сме на улица, ова е втор пат за месец дена. Сега е полоша, сега сè е уништено, немаме ништо. Ги молиме надлежните, градоначалникот, кој како може да ни помогне. Сите сме на улица“, вели една од погодените жителки. ..„Ситуацијата во Прилепска е катастрофа, пред една недела не фати поплава, не знаевме каде да одиме, не донесоа овде. Сега исто пак поплава дојде, до кај патот е поплавата, таму не се живее. Ни се влегува ниту може да се живее. Со багер излеговме, со багер не внесуваа. Деца млади, стари луѓе, болни жени, значи катастрофа е таму, не се живее. Го молиме градоначалникот да направи нешто, да ни даде некакви станови, за да не се малтретираат ни тие ни ние“, вели друга жителка.

„Моментално ситуацијата е слична како претходната поплава. Имаме околу 206 луѓе евакуирано во салата Иванидол. Течението на река Саичка е поплавено од населба Пашино до долу во Прилепска. За среќа нема повредени. Повлечени се сите семејства што се најризични покрај течението на реката и очекуваме бројот да се зголеми. До 200-300 луѓе да се евакуирани. Моментално сме ДЗС, Центар за управување со кризи, Црвен крст и јавното претпријатие Комуналец работат на водата, расчистување со пумпите“, вели надлежен од Црвен крст.

За алармантната состојба сведочеа и дел од граѓаните на улица Драги Карбоничанец, каде исто така штетите се видливи. Велат дека ова е првпат по 30 години, водата да надојде и во нивните домови

„Лошо е. Од 5 и 30 утрината почна да надојдува вода. Сега за првпат дојде и до куќи до кои не дошла 30 години… Апсолутно штета. Сите домови се поплавени, до овде до кај  што сме, значи негде во домовите има по  половина метро вода“, раскажува еден од жителите… „Влегов таму пливав малку, за малку ќе се удавев“, вели друг.

На расчистување на теренот и исцрпување на водата интервенираат екипи на ОВР Кичево, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби. Известени се градоначалникот на Општина Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување, а организирана е достава на храна и вода за евакуираните со помош на тимовите на Црвениот крст. Од Скопје упатени се дополнителни тимови со ќебиња, душеци, кревети и друга неопходна помош.

Од Општина Кичево е свикан Кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата на терен и ги координира сите активности за помош и заштита. Оттаму апелираат да се избегнува движење низ поплавените улици и подрумски простории, а доколку постои ризик и да се исклучи електричната енергија во домовите.

Кичевскиот градоначалник Јовановски вети дека се прават напори да се оспособат 30-тина социјални станови во кои би се сместиле околу 200 жители кои се поплавуваат при секое покачување на водостојот.