Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

14-ти Февруари: Младите си слават св. Валентин, повозрасните св. Трифун со добро македонско вино

Дел од граѓаните денеска го одбележуваат 14 февруари во духот на љубовта,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од граѓаните денеска го одбележуваат 14 февруари во духот на љубовта, додека други му оддаваат почит на празникот св. Трифун денот на виното. Помладите најчесто го слават празникот посветен на св. Валентин, разменувајќи подароци, цвеќе, мечиња со нивните најсакани. Црвената боја, ружите и чоколадите доминираат по излозите, а срцињата како симбол на љубовта се забележуваат секаде низ градот.

Повозрасните пак, се верни на христијанскиот празник св. Трифун, заштитникот на лозарите. Најчесто го слават со чаша вино, прошетки и време поминато со своите најблиски.

„Ние славиме св. Трифун, ден на лозарите. Ќе го славиме со прошетка некаде. Трифун е наш празник, христијански…“

Реклама

„Валентин. Ќе го славам во ресторан, и ќе купам некое поклонче, букет, можеби некое чоколадо…“- велат граѓаните.

Во продавниците и цвеќарите има зголемена раздвиженост. Продавачите велат дека најголем дел од купувачите се младите кои бараат поклони за своите партнери, а тие најмногу купуваат мечиња и рози.

„Работата иде најдобро за св. Валентин, многу купуваат од кај нас. Најмногу купуваат ружички, буќетчиња, мечиња. Млдите купуваат повеќе.“- велат продавачите.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозарите, а според верувањата ги штити лозјата и градините од штети и несреќи. Свети Валентин, пак, кој се празнува во католичката и протестантските цркви, се смета за заштитник на љубовта. Последниве години, под влијание на западните земји, неговиот празник се повеќе се одбележува и кај нас, особено меѓу помладите.