Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Економија

Закроено лозјето во валандовско Собри, лозарите очекуваат добар род

Во пресрет на заштитникот на лозарите Св. Трифун, жителите на валандовското село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на заштитникот на лозарите Св. Трифун, жителите на валандовското село Собри заедно со парохискиот свештеник од Дојранската парохија и свештеници од Струмичката епархија се помолија да имаат добар род и оваа година.

Преку извршувањето на чин на водосвет со закројување на лозје, присутните жители на селото, меѓу кои и локалните лозари, добија благослов и во претстојната година нивите со гроздови насади да дадат богат принос.

– Во просек овде жителите имаат по околу десет декари лозје од семејство. Повеќето од нас се занимаваат со лозарство. Причина за тоа е што климата ни одговара и ни дава и квалитет и квантитет во родот. Валандовскиот дренак, на пример, е автохтон вид на трпезно гројзе, за чие одгледување токму тука се наоѓаат најдобрите услови. Годишно вадиме околу три тони грозје од декар, вели Панде Танчев, жител на Собри.

Реклама

Со бројните лозја, долж целиот пат до селото, ова место важи за богато одгледувалиште на лозови насади, растени со генерации наназад.