Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

МВР: Вчера уапсени десет возачи за возење без дозвола, под дејство на алкохол или со поголема брзина

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на целата територија на државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и во Битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што е наведено во соопштението, возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи им се одземени патничките возила.

По еден возач во Скопје, Чашка и во Прилепско управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б-категорија.

Реклама

– Од нив исто така се одземени патничките возила. Еден возач во Кочани управувал возило под дејство на алкохол, а друг возач во Радовишко управувал возило со брзина поголема од дозволената. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – информираат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку се под дејство на алкохол или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување.