Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Владина делегација на Минхенската безбедносна конференција: Мицкоски на средба со менаџметот на германскиот гигант Шварц Груп

Започнува 62-та Минхенска безбедносна конференција, од која дел е и владина делегација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнува 62-та Минхенска безбедносна конференција, од која дел е и владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Според најавите ќе се остварат голем број значајни средби со влијателни политички фигури. Пред стартот на Конференцијата премиерот Мицкоски информираше дека веќе  се сретнал со менаџментот на една од најмоќните германски компании Шварц Груп, на која се разговарало за инвестиции во Македонија во иднина.

-Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“. Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Покрај тоа предвидено е премиерот и владиниот да се сретнат и со други економски гиганти, кои би помогнале за дополнителен раст на економијата, поголем број работни места, подобар животен стандард на граѓаните.

Реклама

-Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири. Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава!, напиша Мицкоски.

Како што соопшти владината прес служба, во Минхен ќе се реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интерграција во ЕУ, без дополнилтени билатерални условувања. Мицкоски е придружуван покрај од Муцунски и од министерот за одбрана Владо Мислајловски

Во рамки на конференцијата, шефот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции.

На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 1.000 делегати од над 115 земји, вклучувајќи 60 шефови на држави и Влади, како и и претставници на големи меѓународни организации.

Матеја Петровски