Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Инспекциска акција во општина Центар

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекта на улиците „Тетовска“ број 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ број 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“, соопштија денеска од локалната самоуправа.

– На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, појаснија од Општината.

Интервенцијата била извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.

Реклама

– На втората локација во „Буњаковец“, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот што е претворен во мини-депонија, информираа од локалната самоуправа.

Ова не било првпат инспекциските служби на Општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите.

– И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно-правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, посочија од Општина Центар.

Во изјавата на градоначалникот Горан Герасимовски се наведува дека ваквите објекти, каде се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје – туку и се реална опасност за околината.

– Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме, порача Герасимовски.