Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска ги демантира обвинувањето за опструкција на седницата за даночните решенија

Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска демантира дека Советот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска демантира дека Советот на Општина Куманово прави опструкција во врска со договорениот став да се свика седница. Таа вели дека седницата ќе биде порано од планираното ќе се одржи на 25.2.2026 година, на која ќе биде ставена точка за проблемот на нашите сограѓани во врска со даночните решенија од УЈП.

Ѓорѓиевска вечерва во соопштение „нагласува дека веќе се одржани две координативни средби, на кои биле информирани за проблемот, посочувајќи дека им ветиле дека ќе ја стават нивната точка на дневниот ред. Групата инсистирале да биде порано од предвидената и во меѓувреме претседателката координирала да се подготват дополнителни можни точки, за да седницата не биде само со нивната точка, затоа што не е вонредна“.

– Во понеделникот им беше понудено на 17 февруари, годинава да се направи седница со неколку точки, а нивната да биде прва на која тие ќе елаборираат, ќе се дискутира и ќе се пратат препораки и заклучоци до институции. Имам докази дека понудата е одбиена од нивна страна, благодарат на мојата јавно искажана поддршка и дека се сложуваат точката да биде ставена на редовната седница на 25.02.2026, појаснува Ѓорѓиевска.

Реклама

Таа укажува дека не станува збор за „купување на време“, ниту „опструкција“, ниту „извисување“, туку за организирање на седници според деловникот за работа на Советот.

– Замолувам организаторите на протестите да не манипулираат со кумановската јавност, да се координираат при давање на вакви лажни изјави и ги поканувам на 25.02.2026 г. да го елаборираат својот проблем, а ние како Советот да помогнеме во рамките на нашите надлежности, додава Ѓорѓиевска.